Првиот човек на Атлетико Мадрид, Енрико Серезо се огласи и испрати јасна порака за иднината на Хулијан Алварез на „Метрополитано“.
Аргентинецот од 2024 година е член на „душекџиите“, тим во кој пристигна од Манчестер Сити и се очекуваше да биде лидер на шпанскиот прволигаш, меѓутоа иако е стандарден како да има некоја пречка да се искаже до самиот крај.
Во тековнава кампања има учинок од 14 гола и 6 асистенции на 39 средби во сите конкуренции, но клубови како Барселона и Арсенал кои пројавуваат интерес за напаѓачот веруваат дека тие бројки можат да бидат подобри, ама ако се суди по изјавата на претседателот на Атлетико тогаш ќе треба да се побараат друг голгетер, трансфер цел во летниот преоден рок.
- Тој е играч на Атлетико Мадрид и има договор со нас. Вреди многу затоа што е со нас – и не е на продажба, - порача Серезо.
Хулијан има 26 години и договор со сегашниот тим до 2030 година.







