Мексиканската спортска новинарка и водителка Мирослава Монтемајор привлекува големо внимание како едно од заштитните лица на „TNT Sports“ за преносите на Лига на шампиони во Мексико.
Благодарение на својот ангажман и популарноста на социјалните мрежи, каде што ја следат стотици илјади луѓе, таа стана препознатливо име меѓу љубителите на фудбалот.
Монтемајор е дел од водителскиот тим кој, заедно со колешката Марион Рајмерс и колегата Рикардо Мургија, на мексиканската публика ѝ го приближува најпрестижното европско клупско натпреварување. Пред да се приклучи на „TNT Sports“, искуството го стекнала работејќи за „ESPN“, каде што исто така следела спортски теми.
Покрај телевизиските екрани, Мирослава е многу активна и на Инстаграм, каде што нејзината популарност постојано расте. На оваа платформа има повеќе од 400.000 следбеници со кои редовно споделува фотографии од работата, но и од приватниот живот, со што одржува близок однос со својата публика.
Познато е и дека е голема навивачка на мексиканскиот фудбалски клуб Тигрес УАНЛ. Својата поддршка за клубот често ја покажува и на социјалните мрежи, каде што со следбениците ја споделува својата страст кон фудбалот.