Инфлуенсерите на ТикТок споделуваат совети за штедење во 2026 година – од откажување од кафе и достава на храна до купување само еднаш неделно. Интернетот е поделен околу тоа дали ова навистина функционира.
Почетокот на 2026 година на социјалните мрежи го одбележа нов вирален тренд – совети за штедење пари. На платформата ТикТок инфлуенсерите масовно споделуваат трикови како да ги намалите трошоците и да заштедите повеќе пари, но додека едни тврдат дека оваа метода им го променила животот, други сметаат дека откажувањето од мали задоволства нема никого да го направат богат.
Една од креаторките на содржини, Рач, која е позната по видеата за штедлив начин на живот, стана вирална откако објави совети како реално да се намалат трошоците во 2026 година.
Во своето видео им порача на следбениците дека, доколку сакаат сериозно да заштедат пари, мора драстично да ги променат навиките.
„Ако сакате да заштедите, мора да живеете многу под вашите можности. Оваа година зборуваме за вистински режим на преживување“, рече таа.
Меѓу советите што ги сподели се најдоа:
- престанување со нарачување храна преку достава
- откажување од козметички третмани како надградба на нокти
- избегнување купување билети за настани и забава
За оние кои сепак не сакаат целосно да се откажат од уживањата, предложи и мали промени што можат да направат разлика. На пример, кога ќе излезете на вечера, прескокнете десерт и наместо сок нарачајте вода за да ја намалите сметката.
Сепак, нејзините совети предизвикаа поделени реакции меѓу корисниците. Дел од публиката смета дека ваквиот начин на размислување не може долгорочно да ги реши финансиските проблеми.
„Со овие совети не можете да се извлечете од сиромаштија. Единственото решение е зголемување на приходите“, напишал еден корисник.
На трендот му се приклучи и 26-годишната Тиктокерка Зофи, која стана вирална откако објави листа на работи на кои повеќе не троши пари.
На нејзината листа се наоѓаат:
- избегнување купување кафе во кафулиња
- купување намирници само еднаш неделно
- избор на поевтина членарина за теретана
Сепак, многу корисници пронајдоа компромис – наместо целосно откажување, си дозволуваат мали награди.
„Кафе си правам дома секој ден освен во петок. Тогаш го купувам како награда што ја преживеав неделата“, напишала една корисничка.