[ФОТО] Јокиќ го угостил Дончиќ: Стајлингот на домаќинот е хит

Супермен

13/03/2026

12:29

1.222

Големина на фонт

а а а

Лука Дончиќ поминува низ вистинска драма. Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс објави: „Ги сакам моите ќерки повеќе од сè друго и правам сѐ да бидат со мене во САД во текот на сезоната. Сепак, тоа не е возможно, па донесов тешка одлука да ја раскинам свршувачката. Сè што правам, правам за да ги усреќам ќерките и секогаш ќе се борам да им обезбедам најдобар можен живот“.

Со објавата Дончиќ (27) потврди дека ја прекинал врската со една година постарата Анамарија Голтес. Најпознатиот Словенец ја познава сонародничката уште од детството, а со неа беше во врска од 2016 година. Се свршиле во јули 2023 година, а првата ќерка Габриела ја добиле во ноември истата година додека Дончиќ сè уште настапувал за Далас Маверикс.

Нивната втора ќерка, Оливија е родена во декември во Словенија, неколку месеци откако кошаркарот преминал во тимот на Лејкерси. Проблемите во врската станаа јавни откако Голтес ги избриша сите фотографии со словенечкиот кошаркар од својот Инстаграм профил минатата недела, предизвикувајќи многу шпекулации.


Клучниот момент се случил во декември, кога Дончиќ отпатувал во Словенија за да присуствува на раѓањето на втората ќерка поради што пропуштил два натпревари на Лејкерси. Според изворите, Дончиќ сакал да ја однесе со себе постарата ќерка Габриела назад во САД, но по несогласувањата со неговата тогашна свршеница, Голтес повикала полиција по што Дончиќ мирно ја напуштил породилната болница во Крањ.

Среде животната драма во посета на опуштениот Јокиќ

Полицијата остварила разговор со двете страни и во службениот извештај, во кој имал увид ЕСПН, било наведено дека „не се утврдени елементи на кривично дело или прекршок“ од страна на Дончиќ. Истиот ден тој се вратил во САД и оттогаш како што тврдат изворите не ги видел ниту ќерките ниту Голтес.

Во „екот“ на оваа мачна борба Дончиќ посетил друга НБА ѕвезда со потекло од Балканот. Лејкерси против Денвер Нагетс пред шест дена, кога настанала фотографијата која ја објавил словенечкиот кошаркар Влатко Чанчар, кој до неодамна настапувал за Денвер.


Меѓутоа стајлингот на Јокиќ на собирот привлекол најголемо внимание. Тој ги дочекал гостите во шорцови и маица. „Се дружевме кај мене дома, па на теренот беше само“, потврди Јокиќ. Тој повторно ќе игра против Дончиќ за три дена.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk