[ВИДЕО] Лекарите објаснуваат што се случува со телото кога ќе престанете да јадете 24 часа

Точка

14/03/2026

17:02

441

Големина на фонт

а а а

Постот како практика станува сè попопуларен и меѓу луѓето кои го применуваат од здравствени причини. Дваесет и четиричасовниот пост во последниве години се појави како тренд, особено во форма на повремен пост.

 Многумина го практикуваат за да ослабат, да го подобрат метаболичкото здравје или едноставно да стекнат подобра контрола врз своите навики во исхраната.

Лекарите предупредуваат

Една симулација објавена на интернет прикажува како телото во текот на 24 часа постепено ги менува изворите на енергија и се прилагодува на новите услови. Основната идеја е едноставна – кога ќе престанете да јадете, организмот почнува да ја користи енергијата што веќе ја има складирано.

Сепак, лекарите предупредуваат дека постот не е магично решение и дека не е соодветен за секого.

Според клиниката Кливленд во Соединетите Американски Држави, повремениот пост кај некои луѓе може да помогне при слабеење, регулирање на крвниот притисок и намалување на отпорноста на инсулин. Но, нагласуваат дека резултатите зависат од целокупниот квалитет на исхраната.

И друга медицинска установа истакнува дека кај повремениот пост понекогаш е поважно кога се јаде, отколку што се јаде, а можните придобивки секогаш треба да се разгледуваат во контекст на целокупниот начин на исхрана и живот.

Што се случува во телото за време на 24-часовен пост?


По четири часа пост

По околу четири часа може да се појави благо чувство на глад. Телото го завршува варењето на храната, по што нивото на инсулин почнува да опаѓа. Потоа организмот почнува да го користи складираниот шеќер како извор на енергија.

По осум часа пост

По осум часа без храна, нивото на шеќер во крвта дополнително се намалува. Тогаш телото се свртува кон друг извор на енергија – гликогенот од сопствените резерви. Во оваа фаза многу луѓе почнуваат да забележуваат промени во тоа како се чувствуваат.

По дванаесет часа пост

По дванаесет часа организмот влегува во состојба на блага кетоза. Тоа значи дека телото почнува да произведува кетонски тела и да ги користи мастите како гориво. Во овој период гладот може да се засили, но кај некои луѓе се намалува апетитот и доаѓа до постепено намалување на телесната тежина, иако може да се појави и чувство на замор.


По шеснаесет часа пост

По шеснаесет часа започнува значајна промена – процес наречен автофагија. Во таа фаза телото почнува да ги разградува и „рециклира“ оштетените клетки и нивните делови. Овој процес може да има различни здравствени придобивки, вклучувајќи отстранување нефункционални делови од клетките и потенцијално намалување на присуството на вируси и бактерии.

По дваесет и четири часа пост

По еден цел ден без храна телото преминува во режим на подлабока обнова. Мастите стануваат главен извор на енергија, воспалителните процеси може да се намалат, а чувствителноста на инсулин се подобрува, што може да има позитивни долгорочни ефекти врз здравјето.