Луксузниот имот на кошаркарската легенда Тони Паркер (42) во Сан Антонио во американската сојузна држава Тексас, повторно е на продажба – за половина од првичната цена.
Вилата со сопствен аквапарк, која неодамна ја зазел стримерот Каи Сенат (23) со групата „AMP“ во текот на 30-дневниот глобален лајвстрим, сега бара нов сопственик за „смешни“ 11 милиони долари.

Огромниот комплекс на адресата „9 Rue Parker“ во луксузната област Анаква Спрингс Ранч, се наоѓа на имот од 53 акри и нуди над 13.000 квадратни стапки луксузен животен простор.
Претходно се продавал за 20 милиони долари. Поради тоа што имотот не нашол купувач, основачот на компанијата за недвижнини Ервин Николас (55) сега смета дека големото намалување ќе го направи тоа.

Комплексот има сопствен аквапарк: осум базени, вештачка планина, шест тобогани, џакузи, „мрзелива река“ и дури 10,6 метри долга скокалница. Одржувањето притоа не е нималку евтино, паркот троши импресивни 316.000 галони вода.
За љубителите на деталите тука се и интересните бројки: куќата од 2009 година била градена 59.000 часа, потрошени биле 2.000 јарди бетон и 130.000 фунти челик.

Во внатрешноста се наоѓаат: 10 спални соби, 10 тоалети, гаража за осум автомобили и посебна куќа за гости. Љубителите на кошарката ќе уживаат и во теретаната со терен во стилот на Сан Антонио Спарс и просторијата за трофеи која има брава со отпечаток на прст.
Тука се и работите за вистинските љубителите на луксузот: кино-сала со седишта во стил на стадион, играчница, вински подрум за 1.500 шишиња и капија која потсетува на филмот „Jurassic Park“.
На имотот живее и желката со име Булдожер.






