Роналдо и Џорџина објавија фотографија на која има 18 милиони евра чист луксуз

Супермен

23/03/2026

08:42

697

Големина на фонт

а а а

Кристијано Роналдо и неговата свршеница Џорџина Родригез повторно ги оставија фановите без зборови објавувајќи фотографија преполна со чист луксуз.

Свршеницата на Роналдо објави фотографија од автомобил во која, според проценките, има дури 18 милиони евра луксуз, а вклучува скапоцени часовници, свршенички прстен и супер автомобилот на Роналдо.

Така медиумите пресметаа дека вкупната вредност на она што се гледа на фотографијата е поголема од 20 милиони долари, односно приближно 18 милиони евра.


Најскап, секако, е автомобилот во кој се наоѓа парот. Станува збор за „Bugatti Centodieci“, чија вредност е 12 милиони евра. Тоа е еден од само десетте примероци од овој автомобил што некогаш биле произведени.

Свршеничкиот прстен преполн со дијаманти вреди неверојатни 5,2 милиони евра, а истиот Џорџина го покажа минатиот август.

„Patek Philippe 5719/10G“ на раката на Роналдо вреди 625.000 евра, додека часовникот на Џорџина, моделот „Ladies Patek 7118/1450R“ чинел 390.000 евра.


Парот ја дополни Инстаграм објавата и со песната на Ријана „Diamonds“, која совршено се вклопува во сè она што го гледаме на фотографијата.

За потсетување, Роналдо во интервју со Пирс Морган изјави дека ќе се венча со Џорџина по Светското првенство во 2026 година.

„Се надевам дека ќе дојдам на мојата свадба со шампионскиот трофеј“, му рече тој со насмевка на Морган.

Иако беше јасно дека Џорџина е таа со која ќе го помине остатокот од животот, сите се прашуваа зошто на фудбалерот му требаше толку долго да ѝ стави прстен на раката.


„Секогаш велам дека добрите работи се случуваат во вистинско време. Понекогаш ви треба време да сфатите дека не треба да правите одредени грешки. Не сакав да брзам со нешто толку важно“, призна Роналдо.

„Ќе се оженам со неа затоа што верувам дека е вистинско време. Не само затоа што е мајка на моите деца, туку затоа што е личноста што ја сакам најмногу. Таа е љубовта на мојот живот“, искрен беше фудбалерот, кој сега одгледува пет деца со Џорџина.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk