Сопругот ја изневери со жената на колега: „Јавно ме понижи и ми го скрши срцето“, по бродоломот ја сретна вистинската љубов

Супермен

23/03/2026

11:00

1.234

Големина на фонт

а а а

Познатата актерка и продуцентка многу добро знае колку е тешко да се издржи емотивен бродолом, но и каква среќа носи вистинската љубов. Животот ѝ даде турбуленции, а сега таа ужива во својот трет брак, кој засега е мирно засолниште.

Ева Лонгорија Бастон, која неодамна го прослави својот 51-ви роденден, зад себе има три брака. Таа за првпат кажа „да“ во 2007 година со поранешниот кошаркар Тон Паркер. Брачната среќа траеше четири години, а врската беше уништена поради неговата прељуба.

„Тони ми го скрши срцето“

Таа дознала за неверството на својот поранешен сопруг преку СМС-пораки што ги пронашла во телефонот на Тони, а кои тој ги разменувал со Ерин Бери, поранешната сопруга на Брент Бери.


Интересно е што Ерин и Брент биле во процес на развод во времето на аферата, a, Бери, кој се занимавал со кошарка, ја сметал оваа ситуација за многу тешка, исто како и актерката и продуцентка која во шоуто на Пирс Морган пред десет години изјавила:

„Тони ми го скрши срцето. Најтешко ми беше да пронајдам нов идентитет бидејќи бев госпоѓа Паркер четири години. Се чувствував понижена поради неговото неверство. Луѓето сакаат да го мразам и уништам, но јас не го сакам тоа. Би сакала да биде среќен бидејќи не е лош човек. Му простив за сè и ќе се сеќавам само на убави спомени.“


Паркер се ожени со новинарката Аксел Франсин три години по разводот од Ева. Тоа беше во 2014 година. Тие ги имаа синовите Џош и Лиам, а се разведоа во 2020 година.

Кратко по вториот развод, Паркер започна врска со француската тенисерка Ализ Лим. Тие ја официјализираа врската во 2021 година, но на почетокот на 2024 година објавија дека романсата е завршена.

Од 2002 до 2004 година, Ева Лонгорија беше во брак со актерот Тајлер Кристофер, кој почина во 2023 година.


Крилеста љубов со милионер

Актерката сега е во брак со Хозе Антонио Бастон, со кого го има синот, Сантијаго. Во 2009 година, Ева се појави на хуманитарна акција на мексиканскиот Телетон, која се емитуваше на каналот „Телевиса“, чиј извршен директор е никој друг туку Хозе Антонио Пепе Бастон (57). Тие се поздравиле срдечно и тоа било тоа, а Ева тогаш била во брак со Тони Паркер.

Две години по разводот од Паркер, таа повторно го сретнала Бастон. Ги споил заеднички пријател и хемијата меѓу нив се разгорела за неколку секунди, пишува „Хола“.

Актерката со месеци ја криела својата романса од јавноста, бидејќи знаете што велат, за да не ѝ се „расипе“ среќата, а потоа дебитираше со Бастон на црвениот тепих во Мексико Сити. Се венчаа во декември 2015 година, а две години подоцна го добија синот Сантијаго Енрике.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk