Го напуштил луксузот и милионите и намерно станал бездомник: Издржал 10 месеци, а потоа дознал една кобна работа

Супермен

23/03/2026

12:00

1.075

Големина на фонт

а а а

Оние кои сонуваат да станат милионери веројатно мислат дека нивната работа ќе биде завршена веднаш штом ќе видат седумцифрен износ на својата банкарска сметка, но Мајк Блек одлучил да се врати на самиот почеток откако ја достигнал таа цел.

Овој бизнисмен го заменил својот луксузен живот со спиење на клупи во парк како дел од социјален експеримент што го нарече „Million Dollar Comeback“. Во рамките на проектот, ја испразнил својата банкарска сметка, се откажал од автомобилот и го напуштил својот дом.

Можеби сето ова ви звучи бизарно, но Мајк имал метод во своето лудило. Својата прва компанија ја основал на 16 години и признава дека како претприемач доживеал многу неуспеси, но силно сакал да им докаже на луѓето дека со малку труд може да се стигне од нула до нешто.


Така, во јули 2020 година ја оставил целото свое материјално богатство и почна да го документира својот „Million Dollar Comeback“ на Јутјуб – со цел да покаже дека може да заработи милион долари за 12 месеци, дури и како бездомник.

„Познавав многу луѓе кои изгубија сè за време на пандемијата и станаа многу депресивни. Дури имав пријател кој преку ноќ изгуби работа вредна 10 милиони долари“, објасни Мајк во едно видео.

Зошто го направил тоа?

Магнатот во областа на развој на софтвер, кој ја води фирмата „Told media“, им порача на гледачите дека сака да инспирира секого што почнува одново и да обезбеди што повеќе корисни информации, вооружен само со мобилен телефон и еден комплет облека.

Поставил и прилично строги правила: објасни дека нема да се потпира на своите деловни врски ниту на кој било од своите ресурси, па дури и дека за време на експериментот целосно ќе се оддалечи од своите најблиски. Покрај тоа, ја исклучил можноста да започне нова фирма за развој на софтвер за да нема нефер предност.


Мајк се бореше низ тешките први неколку дена – спиејќи на улица и соочувајќи се со глад, но среќата почна да му се насмевнува кога објави оглас на „Craigslist“. Објасни дека бара место каде што би можел бесплатно да преноќи во замена за работа, а подоцна стапи во контакт со странец кој му понуди да престојува во неговото комбе.

Тоа му овозможи на Мајк навистина да почне да работи на своето враќање. Дошол на идеја да продава мебел што го наоѓал на „Craigslist“ со профит, додека во слободно време извршувал повремени работи како телемаркетинг и достава.

„Една од најдобрите работи за продажба се масите. Почнував така што земав огласи од бесплатниот дел на „Craigslist“, ги поставував на „Facebook Marketplace“ и ги продавав со заработка. Делував како посредник, решавајќи ја целата логистика меѓу купувачот и продавачот“, објасни претприемачот во друго видео на Јутјуб.

Напредокот на проектот

Вториот ден, Блек остварил профит од 250 долари и го заштедил секој цент, хранејќи се со грав и обични шпагети. До петтиот ден заштедил доволно пари да си купи компјутер, а во текот на наредните неколку недели успеал да обезбеди и сопствен канцелариски простор.

Мајк исто така пронашол стан за изнајмување и сериозно се посветил на мисијата, создавајќи бренд за кафе чии приходи ги донирал на засолништа за животни.

„Погледнете каде сме сега. Не заработуваме милиони долари, но погледнете го ова – потенцијално ќе живеам во вила без плаќање кирија. Разговарам со големи технолошки компании и им нудам управување со социјални мрежи. Започнувам бренд за кафе, имам човек за кафе во Остин. Сè оди во добра насока. Пред три месеци бев бездомник“, возбудено изјави во уште едно ажурирање.

Мајк правеше сериозни потези во деловниот свет и беше на добар пат кон својата цел од милион долари, но за жал, за време на проектот претрпе низа удари. На неговиот татко му беше дијагностициран рак во четврта фаза, но Мајк знаеше дека татко му би сакал тој да продолжи.

Така и направи, но наскоро се соочи со сериозни сопствени здравствени проблеми – вклучувајќи две автоимуни болести и тумор на колкот – што му предизвикуваше неподносливи болки.

Резултати и крај на експериментот

Јутјуберот беше подготвен да се откаже, сè додека судбината не се вмеша – му се јави странец со порака дека токму овој проект го спречил да си го одземе животот. Мајк продолжи понатаму, воведувајќи претплатнички модел за својот растечки бизнис и вклучувајќи рекламирање.

Сепак, два месеца пред планираниот крај, донесе одлука предвреме да го прекине проектот бидејќи амбициозниот предизвик земал преголем данок врз неговото здравје. Обраќајќи им се на претплатниците, Мајк призна дека неговата здравствена состојба се влошила до таа мера што мора да почне да се грижи за себе. Откри дека боледува од две автоимуни болести кои ги напаѓаат неговите зглобови и предизвикуваат хроничен замор.


„Многу од она што ми стана јасно е она што навистина е важно – здравјето и благодарноста“, рече тој, признавајќи дека ја занемарувал болката поради проектот.

На крајот, Мајк заработил вкупно 65.000 долари, што сепак е неверојатен подвиг за толку кратко време, особено со оглед на многуте лични проблеми. Иако не достигна милион, ја докажа својата поента и остана горд на себе.

„Секогаш треба да се сетиме да им помогнеме на оние во неволја, бидејќи тоа може да биде токму онаа можност што им е потребна“, заклучи Мајк.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk