[ВИДЕО] Христина и Петар за борбата со ракот на ќеркичката Тара: „Првите симптоми ги имаше на 8 месеци, беше метастазирано низ целата глава“

Точка

24/03/2026

16:14

1.120

Големина на фонт

а а а

Во вчерашната епизода на поткастот на Стефан Лазаров гостуваше пар, сопруг и сопруга кои се херои во вистинска смисла на зборот.

Христина и Петар Младенов се родители на три деца, кои по борба со неплодноста беа благословени со близначките Хана и Тара, но нивната среќа не траела долго.

На само 8-месечна возраст кај малата Тара се појавиле први симптоми на рак, по што започнала тешка и неизвесна борба - најнапред за поставување точна дијагноза, а потоа и за нејзино лекување.

Денес за среќа Тара е излекувана и ужива во детските мигови со својата сестра Хана, но и помалата сестра Калија која парот ја доби во 2025 година.

Вчера за првпат Христина и Петар во детали го раскажаа тешкиот пат кој го поминале со ќерката Тара, но и се осврнаа на најстресниот период – времето на поставување на дијагнозата и нејзиното прифаќање.

„Првите симптоми ги имаше тогаш, на 8 месеци. Бевме на регуларен преглед кај матичната, како што ги прегледуваат бебињата... Ја легна под силно светло и јас гледам и викам: „Еј, што ѝ е оваа црвена точка?“. А, таа вика: „Се гребнала нешто...“.

После тоа, почна таа точка да се проширува и буквално цело око да ѝ станува крваво и да има како модринка под окото.

Ја носиме пак на преглед, викаме, урламе, дека ова навистина не е како што треба. Ѝ зедоа еден куп крв, не знам ни за што сè ѝ земаа“, вели Христина.


Петар додаде дека оделе по секакви прегледи.

„Едни нѝ викаат и тумор маркерите ѝ се високи. Ваму испаѓа ехо што е чисто. Ситуацијава што ја гледам кај детево... Проблем има! „На што се сомневате?“, прашуваме. „Абе, знаете, не можеме да ви кажеме...“.

И на едната ѝ викам, „јас не те пуштам, ти како лекар мене како родител мораш да ми кажеш што се случува. Не можам да бидам, викам, сива зона“. Вика: „Абе, знаеш, се сомневаме дека е тумор, 100% нешто е тумор“.

Најмалку, не дека не се сомневаш по тоа што го гледаш детето, ама не ти е мило да го чуеш моментот. Во тој момент, го слушаш тоа и не ти се верува, знаеш?“.


„Јас само го слушнав и ме снема“, вели Христина.

„Имаше едно 30 секунди ја гледаш, онака, бледо докторкава и викам што ми зборуваш? Буквално, вика докторката, нема коска на главата кај детето којaшто не е опфатена со нешто.

Било метастазирано низ цела глава. Сè што постои коска на глава, сè“, велат храбрите родители на Тара.

Целиот разговор слушнете го во продолжение: