Ова јадење никогаш не го нарачувајте во ресторан! Гордон Ремзи открива голема тајна: „Ако ви го препорача келнерот, поставете му само едно прашање“

Точка

25/03/2026

12:14

1.599

Големина на фонт

а а а

Славниот готвач Гордон Ремзи тешко е да се задоволи и измами. Познат по својот остар јазик кој никого не остава рамнодушен, како и по десетици ресторани и седум Мишелин ѕвезди, открива кое јадење никогаш не го нарачува во ресторан.

Ако некој навистина знае што се случува во кујните зад затворени врати, тоа е токму овој готвач. Затоа е добро да се земе предвид неговиот совет. Ремзи сподели неочекуван совет што може да го промени тоа што го нарачувате во рестораните, а истиот гласи - избегнувајте ја супата на денот.


Да, токму супата, односно чорбата на денот – на прв поглед е сигурен избор за почеток на оброкот. Сепак, Ремзи во интервју за „Town & Country“ откри дека зад таа навидум свежа понуда често се кријат состојки што се повторуваат и се користат подолго време, а се претставуваат како специјалитет.

„Секогаш прашајте што била вчерашната чорба на денот пред да ја нарачате денешната. Може да излезе дека тоа всушност е чорба на месецот“, предупреди Ремзи.

Познатиот готвач признава дека при нарачување често се потпира на препораките од келнерите.


„Келнерите често ги пробуваат повеќето јадења од менито и можат да ви дадат увид во тоа што готвачот неодамна го додал или што е најпопуларно меѓу локалните гости“, изјави тој и додаде:

„Патувајќи, добив многу одлични препораки од келнери“.

Затоа, следниот пат кога ќе седнете во ресторан и ќе го почувствувате примамливиот мирис на „свежа“ супа на денот, сетете се на овие зборови на Ремзи.