[ФОТО] Италијански град го менува името: Одлука донесена поради туристите, би можела да ја промени судбината на овој приморски рај

Точка

25/03/2026

18:29

558

Големина на фонт

а а а

Мало италијанско приморско место Валекрозија (Vallecrosia) се соочува со необичен проблем.

Иако се наоѓа веднаш покрај морето, помеѓу популарните одморалишта Вентимилија и Бордигера, туристите главно го избегнуваат.

Причина? Алгоритмите на пребарувачите погрешно го класифицираат како планинска област, наместо како приморски град.




Поради тоа одлучено е да се промени името. Според одлуката на жителите, отсега местото ќе се вика Валекрозија ал Маре, односно Валекрозија на море, што јасно укажува дека станува збор за приморско одморалиште.

Одлуката е донесена на референдум чиј резултат беше објавен в понеделник, 23 март. Промената ја поддржаа околу 55 отсто од жителите.




Идејата за промена на името потекнала од градоначалникот Фабио Пери. Тој објаснил дека проблемот бил во досегашното име „Vallecrosia“.

Зборот „valle“ значи „долина“, поради што пребарувачите автоматски ја класифицираат општината како планинска област, иако се наоѓа веднаш покрај морето. Поради тоа, лицата што пребаруваат Валекрозија на интернет, главно добиваат резултати поврзани со долини и планински пејзажи.




„Алгоритамот нè класифицира како долина, како да сме длабоко во внатрешноста“, изјавил градоначалникот.