Емотивна атмосфера, сеќавања што не бледеат и искрени признанија – така изгледаше специјалното издание на „Амиџи шоу“, во кое како гостинка се појави поп-ѕвездата Каролина Гочева, носејќи со себе силна доза носталгија.
Водителот Огњен Амиџиќ отвори дел од својата душа, одбележувајќи една деценија од загубата на својот близок пријател и колега од групата Фламингоси – актерот и пејач Маринко Маџгаљ.
Во студиото се испреплетоа музика, спомени и тишини што зборуваат повеќе од зборови, создавајќи момент кој ја надминува забавата и се претвора во искрена почит кон човекот кој остави неизбришлива трага.
Амиџиќ ја праша Каролина по што ја памети соработката и дружбата со Маринко Маџгаљ:
„Сите мои сеќавања за него се поврзани и со тебе, затоа што вие двајца секогаш бевте заедно. И секогаш беше некоја забава. Паметам дека ме земавте од аеродром и одевме некаде до наутро. И секогаш беше забавно, многу се глупиравме. Навистина многу се глупиравме“, рече Каролина, а по ова Амиџиќ одговори:
„Јас мислев дека Каролина кога дојде беше некако сериозна, ама таа беше во фаза ‘Ајде, весело, одиме, браво, Каролина!’“, рече водителот.
„Како што велиш, јас бев сериозна, ама вие двајца го извлекувавте најлошото од мене. Баш се забавувавме. Се сеќавам, вие доаѓавте и во Скопје. Знам дека јас ве возев, тогаш бев тазе шофер и ве возев низ град. Ми бевте гости на концерт“, се присети пејачката.

Амиџиќ потоа рече дека Каролина ги воодушевила:
„Таква енергија, такво ‘зезање’, си велевме ‘браво, Каролина!’. Навистина многу се дружевме и подоцна, кога и да одевме таму. И навистина, таа е еден од најдобрите вокали што искрено сме ги слушнале и сме имале можност да соработуваме. Навистина, тоа си ти“, рече Огњен Амиџиќ.

„Пред 20 години, песната ‘Луди летни плес’ го полуде целиот регион, а точно пред 10 години, Маринко Маџгаљ нè напушти, поради што, заедно со гостите во студиото, ќе се сетиме на анегдоти од неговиот живот, ќе видиме бројни снимки и ќе слушнеме многу нераскажани приказни од ерата на ‘Фламингоси’. Оваа вечер ќе биде полна со смеа, музика и искрени емоции, исто каков што беше Маринко. Но, тоа не е сè! 10 години по објавувањето на последната песна на ‘Фламингоси’, ќе имате можност да ја слушнете нивната нова песна“, стои во описот на оваа емисија, во која освен Каролина гостуваа и Тамара Пауновиќ, Душан Ковачевиќ, Марко Кон, Ивана Рабреновиќ и Нада Павловиќ.














