Македонија ги доби противниците во квалификациите за ЕП во 2028

Дерби

26/03/2026

20:58

202

Големина на фонт

а а а

Македонската сениорска ракометна репрезентација ги доби противниците во квалификациите за Европското првенство кое во 2028 година ќе се одржи во три држави-Шпанија, Португалија и Швајцарија.

Избраниците на Кирил Лазаров на денешната ждрепка во Лисабон се најдоа во групата 8, а тоа значи дека од првиот шешир како ривал ја добивме Шведска, а од третиот и четвртиот барабан Грција и Луксембург.


Квалификациите почнуваат во ноември година, а ќе се комплетираат во март и мај 2027 година.

Пласман на шампионатот ќе обезбедат најдобрите две селекции од секоја група, како и четирите најдобри третопласирани репрезентации.