[ВИДЕО] Шесткратниот Мистер Олимпија ги шокираше обожавателите: Легендарниот бодибилдер „повторно учи да оди“

Точка

26/03/2026

20:37

733

Големина на фонт

а а а

Крис Бамстед (31), еден од најдобрите бодибилдери на сите времиња, проговори за последиците од долгогодишниот екстремен тренинг.

Иако спортот му донел слава и неверојатна сила, Канаѓанецот признал дека целосно ја изгубил флексибилноста и природноста на движењата.

Тој ја освоил престижната титула „Мистер Олимпија“ дури шест пати и се смета за еден од најголемите бодибилдери во историјата, а сега мора да почне од почеток. Барем кога станува збор за неговата подвижност.

Канаѓанецот, кој неодамна ја заврши својата неверојатна кариера во категоријата „Classic Physique“ споделил сознание што го изненадило и самиот него.


„Петнаесет години тренирав на начин на кој точно знаев што правам. Движењата секогаш беа контролирани и учиш како работите да изгледаат мазно, дури и кога во реалноста не се такви“, им порачал Бамстед на своите следбеници во објава на социјалните мрежи, а само на Инстаграм има речиси 26 милиони следбеници.

Јасно е дека бодибилдингот ве прави неверојатно силни. Меѓутоа, исто така ве прави и исклучително вкочанети, што Бамстед сега го почувствувал на своја кожа.

„Станувате силни, но станувате и вкочанети. Го изгубив секое чувство за ритам и флуидност на движењата, а тоа воопшто не го ни забележав. Дури и оние ’едноставни‘ работи сега ми делуваат чудно“, искрено признал Канаѓанецот.


Како последица на тоа, Бамстед свртел нова страница во својот тренинг. Самиот тој процес го нарекува „учење повторно да оди“.

Под тоа подразбира враќање кон поприродни, секојдневни модели на движење, а со оваа објава споделил и неколку снимки од своите нови тренинзи за мобилност.

Сепак и покрај новиот фокус, неговата страст кон спортот што го прослави не исчезнала.

„Го сакам бодибилдингот и секогаш ќе го сакам. Тој ме изгради и физички и ментално. И секогаш ќе остане дел од мојот тренинг“, истакнал тој.


Бамстед од 2019 до 2024 година шест пати по ред ја освојувал титулата „Classic Physique Mr. Olympia“. По својот последен триумф во Лас Вегас, ја изненади спортската јавност со одлуката да се повлече од натпреварувачката сцена.

Сепак, неговата пензија сигурно нема да биде здодевна. Своите следбеници на Инстаграм редовно ги „храни“ со нова содржина, додека на Јутјуб има 4,6 милиони претплатници, а неговите снимки се прегледани повеќе од 640 милиони пати.