[ВИДЕО] Александар Тарабунов за раскинувањето на долгогодишната врска: „Научив од сопствените грешки и почнав да читам книги за самосвест“

Точка

31/03/2026

10:45

1.390

Големина на фонт

а а а

Поп-пејачот Александар Тарабунов отвори дел од својата интимна приказна и за првпат искрено проговори за раскинувањето со долгогодишната партнерка Калина Поленак.

Во емотивното гостување во емисијата „Животна приказна“ на Македонска телевизија, Тарабунов без задршка зборуваше за љубовта, разочарувањата и личните битки кои не секогаш се гледаат зад сценските светла.

Со препознатлива искреност, пејачот призна дека е човек кој силно чувствува и длабоко се врзува, па токму затоа љубовните разочарувања оставаат трага.


✨„Многу сум емотивен. Многу работи си ставам на срце“, изјави пејачот.

На прашањето од водителката Здравкица Милиќ што најмногу го погодува, пејачот рече:

✨„За љубовта сум јас секогаш. Така што, ако некој те разочара во љубов, може да те погоди, мислам мене ме погоди“, изјави Тарабунов, а потоа додаде дека зборува од лично искуство.

✨„Па да, нормално, живи луѓе сме, на сите ни се има случено. Тоа е дел од животот, но, пак би рекол, сè се случува со причина. Ти било тешко некогаш и не си бил среќен“, рече пејачот.

Потоа водителката го праша конкретно дали ја прекинал долгата врска за која не сакал многу да зборува во јавноста, дали тоа многу го погодило и што научил од тој период.

✨„Да. Но, тоа е моја работа. Научив многу работи, да. Затоа велам, сè е со причина. И дури некогаш си викаш: ‘Па, ова да не се случело, немаше ова и ова и ова да ми се случи’. Научив од сопствените грешки и многу почнав да читам книги за самосвест“, рече пејачот и потврди дека книгите се лек.


Претходно, пејачот рече дека е во својата најдобра верзија досега и откри дека здраво се храни, редовно вежба и слуша квалитетна музика, а потоа се наврати на книгите за самосвест.

✨„Еден стих да ти се вреже во мозок, тука си во плус, си научил нешто. Комплетна е таа промена, би рекол, значи сè мора да е поврзано: добра исхрана, легнување порано навечер, вежбање. Почнав да се туширам со ладна вода, што е многу добра работа. Секој ден по двапати се туширам со многу студена вода. Тоа е многу здрава работа и ти дава енергија во текот на денот, мислиш дека ќе полеташ“, рече пејачот.