Аманда Пит за Холивуд: Тоа е илузија, очајот е присутен насекаде

Точка

31/03/2026

14:11

388

Големина на фонт

а а а

Американската актерка Аманда Пит појасни каков е животот под светлата на рефлекторите и го опиша Холивуд како свет полн со илузии.

Пит проговори за илузиите што ја опкружуваат славата и успехот во филмската индустрија. Говорејќи за заблудата дека ѕвездите водат совршен живот, Пит за „Fox News Digital“ изјави дека тоа е смешно.

„Тоа е илузија, таму нема ништо. Кој и афоризам да го спомнете, се однесува на нас. Очајот е присутен насекаде. ‘Што прават тие таму? Зошто јас го немам тоа? Зошто не изгледам така?’. Тоа е таа лоша страна“, изјави таа.

Актерката наведе дека во Холивуд е тешко.

„Ќе звучам патетично. Сè е многу натпреварувачко и тешко е да се излезе од тој менталитет во кој колачот е премал, а премногу луѓе сакаат дел од него“, наведе таа.


Пит додаде дека ниту стареењето во индустрија опседната со младост не е лесно.

„Постара сум, па имам многу повеќе мир по тоа прашање, но навистина е тешко да се пронајде тоа. Тешко е да не сакате да ја бркате својата слава, ако сте доволно среќни да ја имате, и наместо тоа едноставно да си кажете: ‘Што навистина сакам да работам кога наутро ќе ми заѕвони алармот? Дали тоа е корисно и има ли смисла за кого било?‘“, порача таа.

Пит моментално глуми во втората сезона на серијата „Your Friends & Neighbors“ на „Apple TV“, која започнува со емитување во петок. Таа наведе дека фановите можат да очекуваат многу повеќе во новите продолженија.

„Тука е и прашањето за тајниот живот на Куп. Мислам дека оваа сезона премногу луѓе почнуваат да се сомневаат дека нешто се случува со Куп. Поради тоа станува сè поопасно за него да продолжи да го прави тоа што го прави, што е неверојатно возбудливо“, изјави таа.


Актерката наведе дека ѝ е драго што приказната се занимава и со нејзиниот лик кој минува низ менопауза, што за неа било катарзично искуство.

„Беше катарзично да можам своите фрустрации и гнев поради менопаузата да ги насочам во соодветна ситуација, односно во глумата на ликот, наместо во својот живот“, откри таа.

Актерката неодамна зборуваше и за својата дијагноза на рак на дојка, која ја објави претходно овој месец. Таа изјави дека кога првпат ја слушнала веста, нејзините мисли биле исполнети со ужас.

„Мислев на своите деца и чувствував ужас“, изјави Аманда.