По 130 години произведувачот на очила „Mnerad“ прогласи банкрот, а работниците добиле 2,5 месечни плати од социјалната програма.
Откако познатиот произведувач на рамки за очила „Menrad“ пред една година прогласи банкрот и отпушти 100 вработени, пристигнала информацијата дека судот на поранешните работници им исплатил околу милион евра од социјалната програма.

Тоа во просек изнесува околу 2,5 месечни плати по вработен.
Стечајниот управител Флоријан Зистлер за германските медиуми изјавил дека ова е најголемиот износ којшто успеале да го обезбедат.
Тоа било постигнато благодарение на семејниот имот и правата на брендот во претходните месеци.
Компанијата „Menrad“ e основана во 1896 година во Швебиш Гминд. Низ годините важеше за еден од лидерите во производство и дистрибуција на рамки за очила, соработувајќи со познатите брендови како што се „Jaguar“, „Joop“ и „Pepe Jeans“.
Сепак, кон крајот на март 2025 година фирмата прогласила банкрот. Финансиските загуби биле преголеми, а работењето станало неодржливо до таа мера што заработката повеќе не можела да ги исплати приходите на работниците.
Поради тоа што немало заинтересирани да го преземат нејзиното работење, сите 100 работници во седиштето на компанијата останале без работа.
Иако седиштето во Швебиш Гминд е затворено, одредени брендови продолжиле да постојат.

Дански „Design Eyewear Group“ ги презел правата на „Jaguar“, „Menrad“ и „Joop“.
Преземени се и 10 вработени од теренската продажба кои ја продолжиле работата кај нови сопственици.
Одделението за дизајн на производи и маркетинг во Минхен не е затворено и продолжува со работа.