[ВИДЕО] Сопственичка на кафуле ја зголемила цената на кафето, па останала во шок поради реакцијата на редовен гостин

Точка

30/03/2026

20:59

513

Големина на фонт

а а а

Млада сопственичка на кафуле раскажала дека се тресела од нервоза откако нејзиниот редовен гостин се пожалил поради поскапувањето на неговото вообичаено кафе за 0,80 долари, односно 50 центи. Кафето кое порано чинело пет долари (3 евра), сега чини 5,80 долари (3,50 евра).

За да биде приказната подостапна, понатаму сите износи ќе ги наведуваме во евра.

Руби Рул (26), која поседува четири кафулиња во Квинсленд, Австралија, објавила на социјалните мрежи дека неодамна ја зголемила цената на кафето за 16 проценти, што е прво поскапување во последните три години, затоа што, како што вели, се плашела од негативни реакции, пишува news.com.au.


Конфликт со гостин поради поскапувањето

Еден од редовните гости го нарачал своето вообичаено дневно кафе, но подоцна се вратил за да ѝ држи предавање за дополнителните 50 центи кои ги платил. Неговото средно flat white, особено топло, сега чини 3,50 евра наместо претходните 3 евра. „Ако тој мисли дека тоа е неприфатливо, тоа е сосема во ред, не мора да купува кај нас. Тоа е она што всушност му го реков“, порачала таа на своите следбеници.


„Му реков дека сум свесна дека ова е значителен скок и дека некои од нашите гости повеќе нема да можат да си дозволат да купуваат кај нас“, додала таа. Сопственичката, која го отворила своето прво кафуле со 21 година, објаснила дека на нејзината одлука влијаеле различни економски фактори, вклучувајќи раст на цените за наем и трошоците за набавка. „Објаснив дека во изминатите три години бевме принудени да се преселиме во многу поскап простор со значително повисок наем“, рекла таа.


„Тоа е надвор од наша контрола. Нашата стара зграда беше урната, па мораше да се преселиме, а ова беше нашата најдобра опција. Исто така, моравме да смениме добавувачи бидејќи и нивните цени растат“, појаснила таа. Иако Рул признала дека некои гости сега можеби ќе побараат кафе на друго место, таа смета дека тешко ќе најдат средно кафе за помалку од 3,50 евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk