[ФОТО] Важеше за еден од најубавите мажи, а сега изненади со изгледот: „Кој е ова, што му се случило?“

Супермен

01/04/2026

14:29

729

Големина на фонт

а а а

Арон Тејлор-Џонсон ги изненади сите со своето последно појавување, а некои фанови не можеа да го сокријат шокот кога ја видоа неговата промена.

Актерот Арон Тејлор-Џонсон своевремено беше прогласен за најубав маж според теоријата на златниот пресек, а неговиот изглед често беше тема кога станува збор за најзгодните мажи.


Бракот со 23 години постарата Сем Тејлор-Џонсон исто така секогаш беше во центарот на вниманието само поради таа разлика во годините, но сега дури и тоа остана во сенка на неговиот нов изглед кој баш и не им се допадна на сите.

Арон се појави на лондонската премиера на филмот „Fuze“ и ги шокираше сите со целосно поинаков изглед од оној на кој се навикнати. Брадата, која беше негов заштитен знак, ја избричи, а малку ја промени и фризурата. Сè на сè, многумина дури не го ни препознаа.


На социјалните мрежи го нападнаа и дека направил некаква естетска корекција, а набргу свој став даде и д-р Шамси Канвал, пишува „MSN“.


„Според моето мислење, промената најверојатно е последица на фризурата, отстранувањето на брадата, осветлувањето и промената во тежината, а не некаква хируршка интервенција“, рече таа, меѓутоа, тоа не помогна многу да се смират коментарите на социјалните мрежи.


„Кој е ова“, „Што му се случи?“, „Новото лице стигна и до него“, „Што и да направил, нека престане што побрзо“, беа некои од коментарите.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk