За илјадници Македонци, празничниот период околу Велигден е совршена можност за викенд прошетки, уживање во природа и квалитетно време на отворено. Ако сте и вие еден од нив, не заборавајте добро да се подготвите: топла облека, полнач за телефон, доволно вода (во шише што може повторно да се користи) и секако здрава и вкусна ужина од Виталиа, која ќе ви даде енергија за вашата пролетна авантура.
По периодот на пости, важно е постепено да се вратите во баланс со лесни, хранливи и енергетски вредни оброци. Токму затоа, протеинските производи се одличен избор за во движење. Тие заситуваат, даваат стабилна енергија и ве одржуваат фокусирани во текот на денот.
За совршен почеток на денот, изберете протеинска овесна каша од Виталиа во комбинација со млеко или јогурт брз, вкусен и практичен појадок кој нема да ве оптовари, а ќе ви даде доволно енергија за вашата авантура. Со висока содржина на протеини и само 1 грам шеќер по порција, ова е идеална опција за активен ден.

Доколку сакате нешто покрцкаво, протеинска гранола е одлична алтернатива. Во вкусови како кокос/бадем и темно чоколадо/шумско овошје, таа нуди совршен баланс помеѓу уживање и нутритивна вредност идеална за сите генерации.

Кога сте на пат и немате време за цел оброк, практичните закуски се незаменливи. Протеинските топчиња од Виталиа, богати со протеини од грашок и достапни и во вегански варијанти, се одличен избор за брза енергија. Протеинските барови, пак, се совршени за носење компактни, вкусни и секогаш при рака. А доколку сакате да пробате нешто ново, не пропуштајте го протеински бар со ф’стак комбинација која ќе ве освои на прв залак.

Со Виталиа, секое Велигденско патување станува уште поубаво. Со повеќе енергија, подобар баланс и уживање без компромиси.
Комерцијален текст










