Наметки, шалови и марами, реси и богато украсени јаки се враќаат во мода во последно време.
Иако Дакота Џонсон е позната по тоа што често избира смели стилови, голи фустани и провокативни изданија на црвениот тепих, понекогаш знае да изненади со нешто сосема поинакво.

Па така, на гала вечерата на „Тајм 100“ во Њујорк, таа се појавила во сосема неочекувано издание, во фустан од „Валентино“ со лелеава наметка.
Актерката присуствуваше на овој настан заедно со ѕвезди како Хејли Бибер, Кеке Палмер и Џени. Дакота заслужено стана главна тема со својот избор на облека, односно презентираше вистинска ода на елеганцијата и префинетоста.
Фустанот на „Валентино“ во грчки стил, во крем боја, со речиси невидливи прерамки и драпиран преден дел, го привлече вниманието веднаш штом стапнала на црвениот тепих. Горниот дел од фустанот е импресивен, со впечатливи детали околу вратот што додава допир на софистицираност на целата креација.

Сепак, многумина имале мислење дека фустанот изгледа како куп фрлен материјал и дека ова е целосен дебакл за модната куќа.
„Како да ставила стара завеса од плакарот на нејзината баба, ова е катастрофа“, гласел коментарот на еден следбеник на социјалната мрежа X.
Освен неа, не остана незабележана и лелеавата мантија што се спушташе до подот. На нозете носела сандали со дијаманти и змиски детаљ.

Што се однесува до шминката и косата, Дакота ниту овојпат не се откажала од своите препознатливи шишки, кои паѓаа над веѓите.
Шминката е во нејзиниот стандарден стил, малку маглив изглед и праскаво руменило кои ги истакнаа нејзините прекрасни црти на лицето со супер ефект.

Ви се допаѓа ли оваа модна комбинација на Дакота?









