Сѐ повеќе богаташи се селат во оваа европска држава: Што е тоа што особено ги привлекува?

Супермен

27/04/2026

20:05

1.056

Големина на фонт

а а а

Италијанскиот даночен систем дозволува максимален данок од 300.000 евра, што е поволно за оние со големи приходи. Многу богати луѓе го напуштија Дубаи поради несигурност, а Италија сè повеќе станува нивна нова дестинација.

Италија постави ограничување на износот на данок на доход што може да се наплати. Дубаи со години е познат како „мека“ за богатите од целиот свет, но војната на Блискиот Исток веќе значително го промени тоа. Многумина заминаа во страв од таму, а прашањето е како ќе се развива ситуацијата во иднина кога ќе завршат тензиите и конфликтот.


Со оглед на ова, Италија стана сè попривлечна локација за богати поединци и семејства. Покрај сегашниот конфликт, за ова придонесуваат и нејзините даночни олеснувања што привлекуваат меѓународни граѓани.

„Имам пријатели кои се преселиле тука поради даноците и други кои размислуваат за тоа. За луѓето кои плаќаат многу даноци, Италија е многу привлечна поради нејзината „рамна даночна стапка““, изјавил за Би-Би-Си еден Французин кој се преселил во Италија и се опишува себеси како „умерено богат“.

Имено, во Италија постои ограничување на данокот што може да се наплати на доход. Без оглед на тоа колку некој заработува, тој сега плаќа максимум 300.000 евра.

„Дури и со 300.000 евра, рамната даночна стапка во Италија е сè уште ниска за секој што заработува повеќе од милион евра годишно, во споредба со кое било друго место во Европа. А тоа значи даночна сигурност и јасност, во срцето на Европа, наместо да мора да се оди далеку“, вели Питер Ферињо, директор на даночни услуги во „Хенли и партнерс“.


Сепак, сигурно ќе им биде тешко на многумина да се откажат од даночниот режим во Дубаи.

„Кога сте во земја каде што не плаќате даноци, многу е тешко да се вратите во земја каде што мора да платите многу, особено за оние кои се навикнати да трошат многу пари. Нето износот во вашиот џеб е сосема различен“, вели даночниот адвокат Жером Баре.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk