Цел свет „полуде“ по турските палачинки: Рецепт за голземе кој може да го направите и на скара на 1 мај, вкусот е фантазија

Точка

27/04/2026

15:30

631

Големина на фонт

а а а

Турското голземе, крцкаво тесто со богат фил, може да го подготвите едноставно и брзо во домашна варијанта.

Состојки за палачинки:

375 г меко брашно;
85 мл маслиново масло;
185 мл вода;
половина лажичка сол.

За Фил:

300 г свеж спанаќ или блитва;
2 чешниња лук;
2 јајца;
малку бибер и сол;
300 грама фета сирење.


Подготовка:

Во подлабок сад помешајте го брашното, маслиновото масло, водата и солта и мешајте додека не добиете компактна смеса.

Оставете го тестото да отстои 20-на минути.

Тестото поделете го на четири еднакви дела.

Секој дел развлечете го во форма на правоаголник.

Во чинија измешајте го спанаќот, лукот, јајцата, сирењето, солта и биберот.

Развлеченото тесто наполнете го со филот, па преклопете го и печете го во тава на среден оган, на една до две лажички масло.

Доволни се три минути од едната страна и три минути од другата страна, додека не добие убава кафеава боја.

Постапката повторете ја и со останатиот дел од тестото.

Голземето може да го правите и на скара.

На здравје!