[ФОТО] Моќна билка за посреќна менопауза: Помага при топлите бранови, смирува и го враќа фокусот

Точка

27/04/2026

22:32

277

Големина на фонт

а а а

Познат билкар открива како се подготвува тинктура од ајуга и зошто во народната медицина се поврзува со вжештувања (топли бранови) и ментална исцрпеност.

Ајугата, позната и како среќниче, е една од билките што во народната медицина се користи за низа тегоби, од мозочна магла и нервоза, преку симптоми на менопауза како вжештувања (топли бранови), до рани, болки и проблеми со спиењето. Билкарот Дида Звонко на својот Инстаграм профил вели дека се користи целото растение, од корен до цвет, дека делува постепено и бара трпение, а најчесто се користи во форма на тинктура.


Рецепт за тинктура од ајуга (среќниче)

За подготовка се користи свежа или сува билка.

Свежа ајуга: стаклена тегла се полни со билката до врв и се прелива со ракија така што сè да биде покриено (однос 1:2, еден дел билка, два дела ракија).

• Сува ајуга: еден дел билка се прелева со пет делови ракија (однос 1:5).

Свежата билка има поблаго дејство, но се смета за „пожива“, додека сувата се користи кога свежа не е достапна. Во двата случаи, тинктурата се остава да стои три до четири недели на темно место. Теглата со смесата повремено се протресува и на крај се процедува.


Дида Звонко советува тинктурата да се зема по потреба, во доза од околу 15 капки во малку вода, и тоа еднаш дневно кога ќе се појават тегоби, а не секојдневно како витамини.

Ајугата не е само за менопауза

Ајугата во народната медицина се користи и за други тегоби. Кај рани и исеченици, згмечен лист се става директно на кожата, за да се запре крварењето и да се спречи развој на инфекција. Кај болки во коските и зглобовите, билката се вари во ракија и се користи за надворешна примена, со втривање на болните места.

Чај од ајуга со мед се користи и кај кашлица и тегоби со дишните патишта, додека за смирување на нервоза и несоница се применува поради неговото благо смирувачко дејство, наведува билкарот. Во народната пракса се споменува и нејзиното влијание врз покачен крвен притисок, како и употребата на разредена тинктура во вода за плакнење на непцата кај крварење и проблеми со забите.


Напомена

Содржината на овој текст има исклучиво информативен карактер и не претставува медицински совет, дијагноза ниту препорака за лекување. Информациите за народни, билни или алтернативни методи не можат да го заменат советот на лекар. Пред примена на каква било терапија, задолжително консултирајте се со надлежен здравствен стручњак и не спроведувајте терапија на своја рака.