Додека принцот Вилијам и Кејт Мидлтон ја слават 15-годишнината од бракот, се потсетуваме на деталите од нивната кралска венчавка. Иако морала да почитува одредени протоколи, идната кралица била непоколеблива по едно прашање.
Речиси две децении колку што Кејт Мидлтон е во кралското семејство, идната кралица покажа дека ја почитува кралската традиција, но дека понекогаш е подготвена да направи нешто на свој начин.
Еден од тие моменти кога инсистирала работите да бидат „по нејзино“ бил сосема логично на денот на нејзината венчавка со принцот Вилијам на 29 април 2011 година.

За таа пригода, Кејт Мидлтон ја прекрши 350 години старата кралска традиција инсистирајќи за својот голем ден да носи пуштена коса, пишува „Marie Claire“.
„Кралски извори ми велат дека кралското семејство силно инсистирало кај Кејт дека повеќе би сакале таа да ја крене косата за оваа многу посебна пригода“, изјави Ешли Пирсон во документарецот „Вилијам и Кејт: Патување“.
„Кејт беше одлучна да ја носи косата пуштена со долги, распуштени локни, што е нејзиниот омилен начин на носење, а всушност и омилениот на Вилијам“, продолжи Пирсон.

А како што се гледа на фотографиите од пред 15 години, кралското семејство направило компромис околу изгледот и попуштило.
Фризерот Ричард Ворд пристигнал во лондонскиот хотел „Goring“ во 5:30 часот наутро за да започне со правење на нејзината фризура, изјави за „People“, а таа ги исклучила телевизорот и радиото додека ја подготвувал да тргне кон олтарот.
„Сум видел невести многу понервозни од Кетрин!“, изјави Ричард за медиумите додавајќи:

„Беше фантастична - таа нè смируваше нас, а не обратно!“.
Кејт го посетувала салонот на Ворд во Челзи уште од студентските денови, а тој во една прилика за „People“ се присети на нејзината венчавка.
„Имам неверојатни спомени од тој ден. Кога се врати во Бакингемската палата, а косата сè уште ѝ беше на место, не можам да ви го опишам олеснувањето што сите го почувствувавме!“.

Вилијам дури во еден момент притрчал да помогне, додека Кејт се подготвувала во Кларенс Хаус за вечерната забава.
„Сакав да ѝ го покажам на Кејт задниот дел од косата, а се мачев да одам со ова огледало старо 500 години. Тој (Вилијам) само рече: Дозволи ми да ти помогнам. А јас реков: Не, не, навистина. Но, тој фати едно огледало, а јас друго и ние шетаме со ова огледало - тој е одличен, навистина е“, раскажа фризерот и додаде:
„Тоа беше најневеројатното искуство и никогаш нема да го заборавам“.








