Имаат најдобар пензиски систем во светот: „Луѓето обично се пријатно изненадени кога ќе ја погледнат сметката“

Супермен

15/05/2026

19:45

922

Големина на фонт

а а а

Во Данска стотици милијарди евра од идните пензии веќе се вложени на берзата и носат високи приноси. Оној кој во Данска ќе замине во пензија, на располагање има значителни заштеди во форма на акции.

Увидот во пензиската сметка во Данска се нарекува „Pensionsinfo“ и бележи околу 3,5 милиони прегледи годишно.

„Луѓето најчесто се пријатно изненадени кога ќе ја погледнат својата пензиска сметка“, рекол Андреас Остергард Хартингтон, експерт од данското здружение на пензиски фондови.


Данскиот пензиски систем се смета за еден од најдобрите во светот. Според угледниот „Mercer“ индекс на пензии, Данска веќе 17 години по ред е на првото место.

Пензиите се високи, гарантираат добар животен стандард во староста, а сепак не го оптоваруваат премногу државниот буџет, пишува „Die Presse“.


А како изгледа данскиот модел? Првиот столб е даночна основна пензија — „Folkepension“ — плус задолжителни придонеси во државниот фонд „ATP“, кој се вложува на пазарот на капитал.

Вториот столб е многу силна корпоративна пензија. Во неа уплаќаат околу 2,7 милиони луѓе, односно 67 отсто од работно активното население. Вкупниот пензиски имот на Данска изнесува 206,4 отсто од БДП, односно околу 845 милијарди долари.


Данскиот систем настанал во 1980-тите години поради голема криза, висока невработеност, инфлација и буџетски дефицит. Од 1987 година била воведена широка корпоративна пензија со политички консензус, вклучувајќи ја и поддршката од синдикатите. „Синдикатите сакаа подобра финансиска сигурност за своите членови во староста“, објаснил Михаел Јоргенсен, главен аналитичар во фондот „ATP“.

Данска има постојани буџетски суфицити, а јавниот долг на државата изнесува 29 отсто, пишува „Die Presse“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk