[ВИДЕО] Конечно снимена девојката на Петер Маѓар: Унгарскиот премиер „фатен“ со букет на аеродром

Точка

26/05/2026

16:16

1.494

Големина на фонт

а а а

Унгарскиот премиер Петер Маѓар стана вирален на социјалните мрежи откако изминатиот викенд беше снимен на аеродромот „Ференц Лист“ со цвеќе во рацете.

Политичарот бил забележан на аеродромот во неделата, во зоната за пристигнувања, а го снимил друг патник, кој видеото го објавил на ТикТок.

Видеото го прикажува премиерот како трпеливо чека со букет цвеќе, додека граѓаните во меѓувреме му приоѓаат со желба да се фотографираат со него. Маѓар со задоволство прифатил да се фотографира и бил љубезен кон сите, како што пишуваат локалните медиуми.


Набргу потоа на аеродромот пристигнала неговата партнерка Илона Сабо, на која Петер ѝ го подарил цвеќето. Премиерот го зел нејзиниот куфер, по што заедно го напуштиле аеродромот.

Виралното видео привлече големо внимание во јавноста, особено затоа што во последно време кружеа гласини за нивно раскинување. Меѓутоа, Маѓар брзо ги демантирал тие гласини и порачал: „Не раскинавме, таа и понатаму седи покрај мене“.

Видеото од аеродромот дополнително ја потврди неговата изјава дека во љубовта им цветаат рози.