Винисиус Жуниор за односот со Мбапе: Не бевме во можност да играме како што сакаме…

Дерби

28/05/2026

16:51

706

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид две години во низа е без освоен пехар што е предолг период за клуб со толку многу квалитетни играчи, асови кои вредат милиони и кои се доведени на „Бернабеу“ да испорачаат резултати, титули и успеси од сезона во сезона.

Двете најголеми ѕвезди во екипата се Винисиус Жуниор и Килијан Мбапе, офанзивци за кои секогаш има одредени прашалници, дилеми во јавноста дали можат заедно да играат, дали е тоа комбинацијата која може да му донесе најважните пехари на клубот, но и дали можеби и тие двајца ја нарушуваат атмосферата и влијаат врз соблекувалната, поточно соиграчите.

-Мбапе е добра личност; тој секогаш ме брани во интервјуата, вклучително и по натпреварот против Бенфика во врска со инцидентот со расизам. Тој е легендарен играч кој ќе остави трага во Реал Мадрид, -вели Вини и додава:

-Секогаш кога можеме, сме заедно, дури и надвор од теренот, правиме работи како пријатели. Секогаш сум имал добар однос со него. Му праќав многу пораки барајќи од него да дојде и да игра со нас. Не бевме во можност да играме како што сакаме, да ги освоиме титулите што ги сакаат навивачите, но мислам дека многу брзо ќе можеме да ја свртиме таа ситуација,-порача Бразилецот.