Евра го предупреди Арсенал: Ако го „паркираат автобусот“…

Дерби

28/05/2026

16:52

626

Големина на фонт

а а а

Во сабота се спушта завесата за оваа сезона во Лигата на шампионите и тоа со битката меѓу Пари Сен Жермен и Арсенал.

Ова е средба закажана за 18 часот, соочување во кое ќе добиеме старо-нов шампион во името на ПСЖ или ќе бидеме сведоци на историја, сефте триумф на „топчиите“ од северен Лондон.

„Светците“ ја имаа улогата на благи фаворит, но се прашува и Арсенал кој влегува со самодоверба по освоената титула во Премиер лигата.

Патрис Евра е човек кој знае како се играта финалиња во ЛШ, ама и човек кој добро знае како и се губат овие средби (Манчестер Јунајтед, Јувентус), па од свој агол даде една прогноза за тоа како можат да се движат работите до Будимпешта.

- Не, не, не Арсенал не е толку добар како што покажуваат бројките, можеби зборувам прерано, но овој пат не е поради Арсенал, туку поради ПСЖ. Мислам дека ПСЖ доминира во фудбалскиот свет и се надевам дека Арсенал ќе игра отворено бидејќи ако го паркираат автобусот како што правеа порано, ПСЖ ќе им даде пет гола како што му направија на Интер во финалето. Бев во шок бидејќи тие се мајстори на катеначо. Во Италија, штом ќе се родиш, те учат за катеначо.

- Но не, ако ПСЖ ги има сите овие играчи – ако Усман Дембеле и сите тие се подготвени, ќе го уништат Арсенал. Но, никогаш не се зане. Сега ја освоија Премиер лигата. Мислам дека дури и за навивачите на Арсенал, да бидам искрен, ќе биде бонус за нив да ја освојат Лигата на шампионите.

- Не мислам дека ќе плачат или ќе бидат разочарани ако Арсенал не ја освои оваа Лига на шампиони бидејќи веќе ја завршија работата, а тоа беше Премиер лигата. Чекаа 22 години. Ова е најголемото достигнување. Ако ја освојат Лигата на шампионите, тоа ќе биде црешата на тортата. Но, со ПСЖ, она што го прават и го гледате полуфиналето против Баерн Минхен во споредба со полуфиналето против Арсенал и Атлетико и не ме сфаќајте погрешно, тоа е еден натпревар. Тоа е еден натпревар во финалето. Сè може да се случи. Но, стилот на игра и начинот на кој го гледам ПСЖ, начинот на кој го победија Интер, ако Микел Артета нема план да игра подобар фудбал, нема да имаат шанса. Ако сакаат да го паркираат автобусот, нема да имаат шанса да го добијат натпреварот.

- Но, сè може да се случи. Мојот фаворит за овој натпревар, и со сето должно почитување и љубов кон Арсенал, знаете, ќе биде ПСЖ. Но, повторно, ПСЖ загубија на Светското клупско првенство од Челси. Значи, како што реков, во еден натпревар, сè може да се случи ,- анализираше Французинот.