Мекинро знае како Синер може да падне во Париз: Единствена шанса за ривалите е…

Дерби

28/05/2026

13:17

1.239

Големина на фонт

а а а

Јаник Синер ја има улогата на голем фаворит за освојување на пехарот на Ролан Гарос, но тој статус ќе мора да го оправда на терените во Париз.

Италијанецот е број еден, игра во страшна форма, има неверојатна серија на резултати, главниот ривал Карлос Алкарас не игра поради повреда, односно доста фактори се на негова страна кога се работи за пехарот на турнирот.

Легендарниот Џон Мекинро исто не гледа вистинска конкуренција за Синер, поточно смета дека само жешкото време може да биде проблематично за најдобриот на светот.

- Ми се чини се е јасно: Синер против сите. Јаник е јасен фаворит. Алкарас е исто така на друго ниво и страшно е за тенисот што Карлос не може да игра во Париз и Вимблдон. Единствената шанса што можам да им ја дадам на противниците на Синер е оваа жештина да трае долго време, бидејќи ова е ситуација во која тој малку страда. Мислам дека физички силен играч, способен да ги искористи екстремните временски услови, би можел да му предизвика проблеми. Но, го видовме тоа во Монте Карло и Рим: Јаник се мачеше против Махач и Медведев, но потоа победи. Единствената шанса што ја имате е да играте размена од 30 удари и да се обидете да го совладате. Се прашувам: дали има играчи способни за тоа во моментов?, - заклучува Мекинро.