Формација 4-3-3: Најдобрите единаесет во Премиер лигата за сезоната 2025/2026

Дерби

28/05/2026

12:32

1.116

Големина на фонт

а а а

Завршија возбудувањата во англиската Премиер лига и тоа со триумф на Арсенал, тим кој чекаше повеќе од две децении да го освои трофејот на оваа сцена.

Во Лигата на шампионите освен „топчиите“ ќе играат двата клуба од Манчстер Сити и Јунајтед, Астон Вила и Ливерпул, а во останатите два европски купа ќе настапат Борнмут, Сандерленд, Брајтон и Кристал Палас.

Лигата ја напушаат Вест Хем, Барнли и Вулверхемптон, додека нивните места во новата кампања ќе ги заземат Ковентри, Ипсвич Таун и Хал Сити.

Сезоната 2025/2026 беше доста интересна, занимлива до самиот крај, но некои играчи се издвоија и Опта го изваде тимот на годината. Формацијата е 4-3-3, доминираат играчите од Арсенал и Сити.