Големата трансфер мета на Ливерпул: Од дете навивам за ПСЖ

Дерби

04/06/2026

14:21

742

Големина на фонт

а а а

Ред Бул Лајпциг очекува добро да се офајди од Јан Диоманде и планира да инкасира повеќе од 100 милиони евра за неговиот трансфер, особено поради фактот што за неговите услуги се заинтереснирани моќни и богати клубови.

Ливерпул во последно време се издвои како најсериозен кандидат за осигурување на услугите на Диоманде кој воодушеви во својата прва сезона во Бундеслигата, но иако постои сериозен интерес од клубот од „Енфилд Роуд“, идеално место за самиот фудбалер е друга дестинација.

Диоманде е репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска и почна да се подготвува за Светското првенство, а сега од репрезентативниот камп испрати интересна порака.

– Мојата иднина? Имам свој тим кој се грижи за тие прашања, моја работа е да останам максимално фокусиран на сегашноста.

– Ако зборувам искрено, цело мое семејство навива за ПСЖ и јас сум фан на ПСЖ од мали нозе. Сепак, во овој момент не можам да мислам на иднината. Фокусиран сум на репрезентацијата и Светското првенство кое следи. Ќе видиме што ќе се случува после мундијалот, – изјави Диоманде.