Тјери Анри е жива легенда на Арсенал и последно беше доста актуелен по непосакуваниот пораз кој го претрпе неговиот омилен тим во финалето во Лигата на шампиони, но од друга страна, како Французин не штедеше и комплименти за новата извонредна сезона на ПСЖ и Луис Енрике како лидер на проектот.
Анри не го криеше разочарувањето како фан на Арсенал и жалеше за новата пропуштена шанса во финале на Лига на шампиони, но неколку дена подоцна, Тити е актуелен во германската јавност поради интервјуто за „Спорт Илустрејтед“.
Германската верзија на медиумот направи интервју со славниот француски голгетер, кој во своето обраќање ја нагласи цела восхит која ја чувствува кон Баерн Минхен како клуб кој традиционално се држи до своите вредности.
– Отсекогаш сум го почитувал Баерн Минхен како клуб, ми се допаѓа како функционира во целина. Поранешни играчи како Рибери, Сањол и Лизаразу ми зборувале многу добри работи за Баерн, за клубот, за фановите, за менталитетот, за се што е поврзано со клубот. Ако погледнете какви имиња купуваат, тие не секогаш се одлучуваат за ѕвезди. Тие носат играчи кои се совпаѓаат со нивниот идентитет, а токму тоа треба да се практикува во фудбалот. Секогаш остануваат верни на себе. Некој играч е можеби добар, но не е добар за идентитетот на Баерн. Тие секогаш остануваат верни на својата филозофија и затоа многу ги почитувам, – вели Анри, кој смета дека најдобар доказ за одличните потези кои ги влече клубот е и Венсан Компани.
– Многумина сметаа дека Компани не е дораснат за работата во Баерн, но тој врши неверојатна работа. Кога ќе поставите таков човек на вистинско место и со вистински опкружување, го добивате тоа што го гледаме сега во Баерн. Работев во него кога бев асистент во Белгија и уште тогаш се гледаше колку е интелигентен и паметен. Тој е роден лидер и менаџментот на Баерн заслужува голема пофалба што му даде шанса и покрај тоа што испадна со Барнли. Виделе нешто во него што се совпаѓа со нивниот идентитет и тоа испадна одлична одлука, – додава Анри.









