Столе со прва изјава откако го продолжи договорот: Запознаен сум со големината на Валенсија

Дерби

04/06/2026

15:05

773

Големина на фонт

а а а

Столе Димитриевски најмалку уште две сезони ќе го брани голот на Валенсија, откако денеска пристигна официјална потврда за продолжување на соработката.

Македонскиот чувар на мрежата беше пред заминување после тешки 18 месеци кои ги имаше на „Месталја“, но ситуацијата значително му се промени во изминатите 5 месеци и стана незаменлив на голот на „лилјаците“.

Со своите извонредни партии, Столе го натера раководството на клубот без размислувања да ја активира клаузулата за продолжување на соработката, па Валенсија ја издвои и првата изјава на Македонецот по најновата вест која пристигна од клубот.

– Знам што значи Валенсија, запознаен сум со големината на Валенсија и сите оние кои работат во клубот. Истото важи и за навивачите и сите кои се дел од опкружувањето. Секогаш велев дека сакам да играм за голем клуб кога првпат пристигнав во Шпанија.

– Валенсија е еден од најголемите клубови во Шпанија, можев да се уверам во тоа и да уживам изминатиот период, а сега сум среќен што ќе продолжи тоа, – гласи првата изјава на Димитриевски.

Валенсија како клуб најави дека целото интервју со македонскиот чувар на мрежата ќе биде објавено во текот на денот.