Кевин Принс Боатенг признал дека поради интензивната врска со италијанската манекенка и ТВ водителка Мелиса Сата, неговата фудбалска кариера пропаднала.
Поранешниот фудбалер на Милан и репрезентативец на Гана, Кевин-Принс Боатенг, кој одлучил да се пензионира во 2023 година, признал дека не можел да го даде својот максимум на теренот бидејќи бил „уморен од секс“ со неговата тогашна девојка, италијанската манекенка Мелиса Сата.

И манекенката потврди дека нивната врска била интензивна и дека фудбалерот страдал поради тоа.
„Медиумите често пишуваа дека играв лошо, бидејќи бев повреден и дека не се грижев за себе. Вистина е дека не се грижев за себе, но тоа нема никаква врска со алкохолот или ноќниот живот. Мојата врска со Мелиса беше апсолутна лудост. Водевме љубов 7-8 пати неделно и воопшто не можев да се одморам. Кога излегував на теренот, немав никаква сила во нозете“, изјавил Боатенг за италијанскиот весник „Ил Месаџеро“.
„Кога си со убава и популарна жена, забораваш дека си професионален фудбалер. Сè друго ставаш настрана. Милан очекуваше многу од мене, а јас ја трошев енергијата во спалната соба. Не успеав да го избалансирам приватниот и професионалниот живот. Ми требаа години“, заклучил поранешниот играч од Гана.
Неговата поранешна девојка, модел и ТВ водителка, е позната по своите кратки врски со врвни спортисти. Таа беше со Кристијан Виери, како и со Матео Беретини, и често зборуваше за својата врска со Боатенг.

„Тој страдаше од хронична повреда на препоните. И таму ме нападнаа велејќи дека сме имале премногу секс и дека тоа е причината за неговите физички проблеми. Доказ дека сексизмот постоел и сè уште постои: секогаш жените се тие што ги одвлекуваат мажите, а ако жената изгуби, тоа е поради она што го јаде, а не поради мажот“, изјавила Сата.