Роналдо испиша историја, но и разочара на премиерата

Точка

17/06/2026

22:31

655

Големина на фонт

а а а

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо не ѝ помогна многу на својата репрезентација на натпреварот против ДР Конго.

Еден од главните фаворити за титулата одигра само 1:1 на отворањето на групната фаза од Светското првенство.

Роналдо го одигра целиот натпревар и со 41 година и 132 дена стана најстариот фудбалер кој започнал натпревар во историјата на Светските првенства.


За повеќе од 90 минути поминати на теренот, тој упати три удари кон голот на противникот, но ниту еден не заврши во рамките на голот.

Вкупно имаше 25 контакти со топката, загуби неколку поседи (3) и доби два од трите воздушни дуели.

Севкупно гледано, настапот беше далеку под неговите препознатливи кариерни стандарди.


Останува да се види во продолжението на шампионатот дали Роналдо ќе ја пронајде својата вистинска форма и, доколку тоа не се случи, дали селекторот Роберто Мартинез ќе има доволно храброст да го остави на клупата за резерви.