Белгиската фудбалска репрезентација освои само бод на отворањето на СП 2026 и мора уште посериозно да му пристапи на дуелот со Иран, доколку сака да обезбеди сигурно место во следната фаза.
Сепак, селекторот Руди Гарсија нема да смета на еден важен играч, односно Жереми Доку, кој не е целосно рехабилитиран од респираторната инфекција која го измачува последните денови.
Доку игра во одлична форма и импресионираше со својот настап на дербито со Египет, па сигурно ќе им недостасува на колегите од националниот тим на денешното соочување со незгодниот противник.
Лекарскиот тим на Белгицјите не му дал зелено светло за настап на Доку, па тој ќе се концентрира на целосно заздравување за да биде во тимот на третиот групен натпревар, пресметката со Нов Зеланд, која е закажана за следната сабота.
Белгија и Иран вечерва играат од 21 часот, а досега и двете селекции имаат по едно реми.





