Репрезентацијата на САД немаше баш добри резултати во увертирата за мундијалот, но кога дојде моментот на вистината, избраниците на Маурисио Покетино се покажаа во најдобро светло на првите два меча.
По убедливата победа над Парагвај, домаќинот на мундијалот славеше и против Австралија со резултат 2:0, па веќе во оваа фаза од турнирот обезбеди пласман во нокаут рундата.
"Can the USMNT win the 2026 FIFA World Cup?"
— USMNT Only (@usmntonly) June 19, 2026
Zlatan Ibrahimovic: "Yes".pic.twitter.com/Yy4uVuoht5
Американаците можат да бидат навистина комплициран ривал за било кој тим со голема поддршка од трибините, а според прикажаното на теренот на првите два меча, Златан Ибрахимовиќ ги вброја фудбалерите на Покетино како екипа на која треба да се внимава од сенка.
– Ако не верувавте претходно во овој тим, сега почнете да верувате во нив. Овој тим на Покетино зад себе ја има цела земја, а кога имате таква поддршка, тешко е да играте против нив.
– Тоа што се случувало пред СП сега не е воопшто важно, важно е тоа што се случува сега. Земаа добар замав и тоа е она што им требаше. Американаците изгледаат добро и би можеле да го освојат Светското првенство, – изјави Ибра за време на обраќањето преку „Фокс Спортс“.






