Француската репрезентација има многу квалитетни и ултра талентирани фудбалери во својот ростер, на ова светско првенство фокусот е на Килијан Мбапе како предводник, Усман Дембеле како освојувач на „Златната топка“, но и потенцијалот на еден Мајкл Олисе кој имаше фантастична сезона со Баерн Минхен.
Сепак, нивниот сонародник Тјери Анри, во разговорот со Рио Фердинанд истакнал друг француски репрезентативец, односно Рајан Шерки, кој според него има уникатна комбинација на квалитет и потенцијал.
– Никогаш досега не сум видел фудбалер кој може да дрибла со двете нозе како него.
– Луѓето не ме разбираат најдобро кога го кажувам ова. Не велам дека тој има лева нога како Меси или десна нога како Зидан.
– Не, тој може да игра одлично и комфорно со двете нозе, може да прави што сака со движењата, додавањата, вештините, може да напаѓа од лево, од десно, никогаш не сум видел такво нешто во животот. Рајан секогаш ќе игра поразлично од другите, но она што сум му го кажал и него, е дека мора да разбере што треба да прави кога топката не е кај него, – истакнал Анри.






