[ВИДЕО] Голманот на Курасао испиша историја со ефектот против Еквадор

Дерби

21/06/2026

11:45

1.271

Големина на фонт

а а а

Курасао успеа да обезбеди реми против Еквадор и испиша историја со својот прв мундијалски бод, а најголемите заслуги за ваквиот резултат одат на сметка на голманот Илој Рум.

37-годишниот Рум буквално ја „спушти ролетната“ на дуелот со јужноамериканскиот ривал и го заврши натпреварот со 15 одбрани, со кои испиша уште една страница во книгата на мундијалски рекорди.

Според официјалната статистика, 15-те одбрани на Рум се најголем број на реализирани одбрани на натпревар на СП на кој не се играло продолжение, а според ОПТА тоа е израмнување и на ефектот на Тим Хауард од натпреварот меѓу САД и Белгија од 2014 година, кога имаше дополнителни триесет минути.

ФИФА официјално на тој натпревар му припиша 16 одбрани на Хауард, но ОПТА и ЕСПН Статс тврдат дека имал 15, затоа што еден од одбранетите удари не бил коректно протолкуван.