Иако се во романтична врска уште од 2023 година, ѕвездата од серијата „Jury Duty“ и младата манекенка Фредерик Бронс успешно го држат својот приватен живот далеку од рефлекторите.
Затоа нивното појавување на претставувањето на машката колекција на Диор за пролет/лето 2027 година беше вистинско уживање за присутните фотографи. Престојот во француската престолнина и двајцата го забележале и на социјалните мрежи, објавувајќи неколку фотографии.
Опуштена елеганција во Париз
Марсден за оваа пригода избрал полежерна варијанта, комбинирајќи зелено-бела карирана кошула на копчиња со беж панталони и кафеави мокасини. Неговата избраничка блеснала во розов миди-фустан, кој го искомбинирала со шпицести чевли во истата нијанса.


Изгледот го надополнила со минијатурна бела чанта, додека русата коса ѝ била пуштена во благи бранови. Парот подоцна на Инстаграм споделил неколку моменти од Париз, а Бронс се пофалила и со подароци од Диор.
Традиционален поглед на љубовта
Првите гласини за нивната романса започнаа во текот на 2023 година, кога беа видени како се бакнуваат во Њујорк. Марсден кој од бракот со поранешната сопруга Лиса Линде има две возрасни деца — синот Џек (25) и ќерката Мери (20), како и синот Вилијам (13) од врската со Роуз Коста — ретко споделува детали од приватниот живот, но претходно отворено зборувал за своите ставови за врските.

Во интервју за „Космополитан“ во 2015 година признал дека со годините станува сè потрадиционален.

„Повеќе претпочитам разговор лице в лице отколку допишување. За успешна врска мора да најдете време еден за друг и да излезете на состанок“, изјавил тогаш актерот. Посебно нагласил дека во романтичниот однос е клучно да се задржи сопствената индивидуалност и да не се изгубите себеси, заклучувајќи дека откажувањето од сопствениот живот поради друга личност едноставно не е вистинскиот пат.












