Американскиот инвеститор е убеден: „Биткоинот ќе исчезне од пазарот со липање“

Супермен

28/06/2026

08:45

502

Големина на фонт

а а а

Американскиот инвеститор Џереми Грантам во петокот за Ес-Ен-Би-Си повторно го критикувал биткоинот, оценувајќи дека оваа криптовалута во наредните децении постепено ќе ја изгуби својата релевантност.

Грантам, коосновач на инвестициската фирма ГМО и долгогодишен коментатор на пазарите, познат по проценките за балони на имотот, во емисијата „Squawk Box“ на Ес-Ен-Би-Си изјавил дека биткоинот е бескорисен, шпекулативен имот без внатрешна вредност.

Говорејќи за долгорочните изгледи на најголемата криптовалута, порачал:

„Со години и години, со децении и децении, мислам дека полека ќе исчезне, не со тресок, туку со липање“.


Тој додал дека биткоинот „не е стабилен облик на вредност — едноставно ја преполови вредноста… без некоја посебна причина во силната економија, па затоа не можете да се потпрете на него на тој начин“.

Грантам смета дека биткоинот не покажал дека е корисен ниту како средство за шпекулација, ниту дека има вистинска употребна вредност. Истакнал дека луѓето не го користат за сериозни трговски трансакции ниту за секојдневно купување, па додал:

„Луѓето не го користат за сериозна трговија, не го користат за да купат вечера и да платат во супермаркет… Она што го прави биткониот е дека им овозможува на криминалците да префрлаат пари“.


Истовремено рекол дека златото во истиот период и понатаму носело солидни приноси, дури и по повлекувањето од највисоките нивоа. Инаку биткоинот и во претходните циклуси паѓал најмалку 70 отсто од своите врвови, додека моментално е околу 52 отсто под максимумот од октомври и се тргува под 60.000 долари.

Дел од инвеститорите веруваат дека сегашната слабост на цената би можела да потрае уште неколку месеци.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk