Ќерката на Ким Кардашијан и Канје Вест, Норт Вест, сè уште има само 13 години, но тоа не ја спречува да шокира со својот изглед и модните изданија.
Малата Норт веќе неколкупати беше тема на светските медиуми поради бизарните комбинации.
Сега се појавила на Неделата на модата во Париз и ги покажала таканаречените „ангелски каснувања“ на усните — два мали пирсинзи што се поставуваат симетрично на двете усни. Покрај тоа, имала и пирсинзи на образите и над носот.
Остатокот од нејзиниот изглед вклучувал црна маица со долги ракави и црно плисирано здолниште, а тука беа и обоената сина коса, како и силната шминка. Веројатно никој не би рекол дека Норт има само 13 години.



Ова брзо стана совршена подлога за нов круг коментари на социјалните мрежи, па така Ким, кога не е во центарот на вниманието поради својот турбулентен живот, тогаш е поради ќерката. Како што и претходно неколкупати рекла, таа не сака да ја ограничува Норт во модните избори и креативноста.
„На што личи ова“, „Дали родителите го гледаат ова“, „Како ја пуштиле од дома ваква“, „Дете од 13 години не смее да изгледа вака“, се само дел од коментарите на корисниците на социјалните мрежи.













