Хрват се шокирал од цените во Грција: „Кај нас сето ова не може да чини помалку од 100 евра“

Точка

28/06/2026

16:28

1.647

Големина на фонт

а а а

Со почетокот на туристичката сезона, сè повеќе туристи ги споредуваат цените во популарните летни туристички дестинации.

Еден читател му го испратил на Индекс.хр своето искуство од Грција тврдејќи дека цените се значително пониски отколку во Хрватска.

Според неговите зборови, шише вода од 1 литар чини 1 евро, што, како што рекол е значително помалку отколку во хрватските туристички центри. Особено го изненадила цената на вечерата за четири лица.


„Вечера за 4 лица – 52 евра“

На сметката што ја споделил се наоѓаат традиционални грчки јадења и пијалаци. Биле нарачани грчка салата (7,50 евра), „yialantzi“ полнети тиквички (6 евра), суџук (8,50 евра), сардина на скара (8 евра), риба „koutsomires“ (11 евра), вода од 1 литар (1 евро) и две пива од 0,5 литри (10 евра). Вкупната сума на сметката изнесувала 52 евра.


„Кај нас таков оброк не може да помине под 100 евра“, рекол читателот, споредувајќи ги грчките и хрватските цени во рестораните. Тој тврди дека станува збор за вообичаени цени во грчките угостителски објекти, поради што смета дека оваа дестинација и понатаму е поповолна опција за летување во споредба со Хрватска.