Интервенции во Чаир по обилните врнежи од дожд

Макфакс

02/07/2026

12:50

153

Големина на фонт

а а а

По обилните врнежи од дожд, Општина Чаир заедно со ЈП „Комунална хигиена“ интензивно интервенира за враќање на чистотата и функционалноста на улиците и јавните површини, вклучувајќи собирање на кабаст отпад во повеќе населби.

По обилните врнежи од дожд, сезонските работници на Општина Чаир, во соработка со екипите на ЈП „Комунална хигиена“, беа ангажирани до доцна во ноќта и продолжуваат со активности и денес, информираат од општината.

Интервенциите, како што нагласуваат, се реализираат на улиците и јавните површини низ целата општина, согласно утврдените приоритети и потребите на терен, со цел што побрзо враќање на чистотата и функционалноста.

„Паралелно со расчистувањето на теренот, екипите продолжуваат и со собирање и отстранување на кабаст отпад во повеќе населби на Чаир.

Општина Чаир останува посветена на континуирано присуство на терен, со цел обезбедување чисти и функционални јавни површини за сите граѓани“.