Летото носи повеќе сонце, повеќе време на отворено и повеќе можности да уживаме во убавото време. Но, токму во овој период кожата е изложена на најголем стрес – силно УВ зрачење, високи температури, потење, солена вода и климатизирани простории кои дополнително ја дехидрираат.
Затоа, летната нега не треба да се сведува само на хидратантен крем, туку да вклучува и квалитетна секојдневна заштита од сонце.
СПФ не е само за на плажа
Многумина сè уште сметаат дека кремот со заштитен фактор е потребен само за време на сончање. Сепак, кожата е изложена на УВ зраци и додека одиме на работа, пиеме кафе на тераса, возиме автомобил или шетаме низ град.

Дерматолозите препорачуваат во летните месеци секојдневно да се користи заштита со најмалку SPF 30, а кај лица со чувствителна кожа, светол тен или склоност кон хиперпигментации SPF 50+.
Малите навики прават голема разлика
Освен редовното нанесување на СПФ, важно е да не се заборава дека кремот треба да се обновува на секои два часа доколку подолго престојувате на сонце, особено по капење или обилно потење.
Не помалку важни се и деталите кои често ги прескокнуваме, ушите, вратот, усните, темето и дланките се меѓу деловите што најлесно се изложуваат на сонце.
Шапка со широк обод, очила со УВ заштита, лесна памучна облека и престој во сенка во најтоплиот дел од денот се едноставни навики кои можат значително да придонесат за здравјето на кожата.
Дневна заштита што лесно се вклопува во рутината
Денес постојат формули кои не оставаат тежок или масен слој на лицето, па лесно се вклопуваат во утринската skincare рутина и можат да се користат и како база за шминка.

Еден од таквите производи е Eucerin Sun Face Oil Control Daily UV Serum SPF 50+, кој обезбедува висока UVA и UVB заштита, а благодарение на лесната текстура и Oil Control технологијата помага кожата да остане со мат изглед во текот на денот. Формулата е збогатена и со антиоксидантни состојки како витамини C и E, како и провитамин B5, кои придонесуваат за заштита од оксидативен стрес предизвикан од надворешни фактори.
По ден поминат на отворено, кожата има потреба од смирување и дополнителна хидратација. Производите со пантенол, алое вера или церамиди можат да помогнат во обновување на кожната бариера, а доволниот внес на течности е подеднакво важен за да се спречи дехидратацијата.
Иако потемнетиот тен често се поврзува со летниот изглед, здравата кожа не се мери според бојата, туку според тоа колку е добро заштитена. Со неколку едноставни навики и правилна дневна нега, можно е да се ужива во летото, а кожата да остане здрава, свежа и сјајна и долго по завршувањето на сезоната.
Комерцијален текст









