Истражување потврдува: Седењето подолго од 30 минути го зголемува ризикот од смрт од рак, а еден потег значително го намалува

Точка

03/07/2026

13:51

449

Големина на фонт

а а а

Резултатите покажале дека непрекинатата неактивност подолга од 30 минути е поврзана со зголемен ризик од смрт од рак. Секој дополнителен час таква неактивност дневно го зголемувал ризикот за 10 проценти.

Непрекинатото седење подолго од 30 минути е поврзано со поголем ризик од смрт од рак, додека дури и лесната физичка активност може значително да го намали тој ризик, покажува истражување на научници од Универзитетот во Глазгов.

Истражувачите анализирале податоци од повеќе од 91.000 лица од британската база на податоци „UK Biobank“, кои носеле уреди за следење на физичката активност, а биле следени во просек 12 години.


Секој дополнителен час го зголемува ризикот

Резултатите покажале дека непрекинатата неактивност подолга од 30 минути е поврзана со зголемен ризик од смрт од рак. Секој дополнителен час таква неактивност дневно го зголемувал ризикот за 10 проценти.

Научниците откриле дека ризикот може да се намали за повеќе од 20 проценти доколку луѓето го заменат седењето со физичка активност.

Еден час лесна физичка активност дневно, како што се бавно одење или домашни работи, бил поврзан со 12 проценти помал ризик од смрт од рак.


Умерената активност значително го намалува ризикот

Замената на 30 минути седење со умерена физичка активност, како што е одење со вообичаено темпо, била поврзана со осум проценти помал ризик, додека пет минути интензивна физичка активност наместо пет минути неактивност биле поврзани со 22 проценти помал ризик.

Раководителот на истражувањето, Фредерик Хо, изјавил дека резултатите покажуваат оти особено е штетно да се седи непрекинато повеќе од 30 минути, како и дека дури и кратка прошетка може да има заштитен ефект.


Тој додал дека постојните здравствени препораки главно се фокусираат на умерена и интензивна физичка активност, но новите наоди укажуваат дека ниту лесното движење не треба да се занемари.

Авторите истакнуваат дека идните клинички истражувања ќе помогнат во развојот на персонализирани препораки за прекинување на долготрајното седење и намалување на ризикот од рак. Студијата е објавена во научното списание „PLOS Medicine“.