[ФОТО] Една од најубавите жени, сурово нападната заради изгледот: „Коски и кожа, што ѝ се случило?“

Точка

03/07/2026

14:30

807

Големина на фонт

а а а

Оливија Вајлд пристигна во Лондон за проекцијата на новиот филм „The Invite“ и во таа прилика привлече големо внимание поради фустанот што избрала да го носи, како и поради нејзиниот целокупен изглед.

Актерката Оливија Вајлд се појави во едно од најмодерните, но и најпровокативните изданија на црвениот тепих, и покрај сите негативни коментари што ги доби со едно претходно нејзино појавување.


Оливија избра модерна верзија на класичниот црн фустан, но се разликуваше од другите по тоа што имаше целосно гол грб, па затоа е едно од посмелите изданија на убавата актерка.

Покрај модното прашање, во преден план дојде и нејзината фигура, а како што многумина пишуваат на социјалните мрежи, Оливија е послаба од кога и да е.


Модното издание го комплетираше со црни рамни чевли и дискретен накит, што дополнително го нагласи минималистичкиот изглед.

„Што се случи со неа?“, „Дали е можно ова да е една од најубавите актерки?“, „Премногу е слаба“, „Не изгледа добро“, „Кожа и коски“, беа само дел од коментарите.

Оливија Вајлд повторно беше мета на грди коментари, па останува да се види дали ќе проговори за тоа и ќе објасни точно за што станува збор, како во случајот кога беше нападната поради лоша шминка.


Што мислите вие за овој изглед на актерката?