Вашиот автомобил наскоро би можел сам да одлучува колку брзо смеете да возите

Точка

07/07/2026

20:07

326

Големина на фонт

а а а

Новата идеја на Европската комисија би можела засекогаш да го промени начинот на кој ги возиме автомобилите.

Европската комисија ја разгледува можноста за воведување нов систем кој автоматски би ја ограничувал брзината на новите автомобили. За разлика од денешниот „ISA“ систем, кој само го предупредува возачот кога ќе го надмине дозволеното ограничување на брзината, новата технологија би можела автоматски да ја намали моќноста на моторот и да спречи понатамошно забрзување.

Системот би користел „GPS“, дигитални мапи, „5G“ мрежа и камери за препознавање на сообраќајните знаци, со цел да го утврди важечкото ограничување на брзината.


Во итни ситуации, возачот би можел привремено да го исклучи ограничувањето.

Засега станува збор само за идеја што е во фаза на разгледување. Европската комисија води разговори со производителите на автомобили и експерти за безбедност во сообраќајот, а конечна одлука сè уште не е донесена, пишува „Revija HAK“.


Поддржувачите сметаат дека ваквиот систем би можел значително да го намали бројот на тешки сообраќајни несреќи предизвикани од пребрзо возење.

Од друга страна, критичарите предупредуваат дека технологијата не е непогрешлива. Камерите можат погрешно да ги прочитаат сообраќајните знаци, „GPS“ може да биде непрецизен, а застарените дигитални мапи би можеле да предизвикаат неочекувано забавување на возилото.


Отворени остануваат и прашањата за сајбер безбедноста, заштитата на приватноста, но и можноста за намалување на приходите на државите од казните за пречекорување на дозволената брзина.

Доколку системот биде усвоен, тој ќе се применува само на новите автомобили, а како најверојатен рок за негово воведување најчесто се споменува 2030 година.